Хрватска играше натпревар на кој можеше да биде задоволна со реми, но наместо да патува во нокаут фазата како третопласиран, тимот на Златко Далиќ се избори за победа против Гана.
Африканската селекција во секое сценарио имаше место меѓу 32-те најдобри, но на крајот ќе патува таму како една од осумте најдобри третопласирани екипи во групната фаза.
Хрватите победија кога беше најпотребно и го повторија резултатот од мечот со Панама, односно победија со еден гол разлика и се пласираа во нокаут рундата.
Сучиќ го отвори резултатот со силен и одмерен удар во првото полувреме, Гана возврати преку Лукасен во 73-та минута и внесе немир меѓу „коцкестите“, но сите дилеми за тоа кој ќе го освои второто место во групата ги расчисти Влашиќ со голот за 2:1 по еден изведен корнер.
Со освоеното второ место, Хрватска вкрстува со второпласираниот од групата К, а тоа ќе биде една од селекциите на Колумбија или Португалија.
На вториот меч од оваа група, Англија со доста маки го скрши отпорот на Панама, а најзаслужен за тоа беше Џуд Белингам кој постигна гол за 1:0, но и поради фактот што потоа и асистираше од Хари Кејн за конечни 2:0.
Англија како првопласирана селекција ќе чека ривал од третопласираните, а во текот на ноќта ќе дознаеме дали тоа ќе биде Сенегал или ДР Конго.







