Ибра: Роналдо ме насмеа со изјавата која ја даде, навистина сум збунет од тоа што го кажа

Дерби

24/06/2026

11:05

562

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо им порача на критичарите дека „се вратил“ и дека не планира така лесно да се одјави од Светското првенство, но бидејќи користеше необична терминологија по крајот на средбата со Узбекистан, португалскиот капитен доби и јавна опомена од Златан Ибрахимовиќ.

Роналдо им одговори на критичарите во повеќе наврати по победата од 5:0 и нагласи дека им го покажал спротивното на сите оние кои го испратија во пензија, но фактот што ги употреби зборовите „се вратив“ го натера Ибра да го коригира од студиото на „Фокс Спортс“.

– Бев малку збунет кога го слушнав како вели „се вратив“. Од каде се врати, од каде поточно? Последен пат кога гледав и проверував, Роналдо не беше надвор од светскиот врв ниту еден ден.

– Ако постигнете два голови и велите „се вратив“, звучи како да сте исчезнале од сцената десет години и сега се појавувате од друга планета. Кристијано играше, постигнуваше голови, уриваше рекорди и привлекуваше наслови цело време. Затоа ме насмеа неговата изјава по крајот на натпреварот.

– Фудбалскиот свет зборува за него секоја недела, дефанзивците се уште се загрижени од него, а исто така тој ги полни и стадионите. Тоа не звучи како најава за некој што го немало, па затоа нема логига да вели „се вратив“. Можеби мислеше се вратив за да ги замолкнам критичарите. Ако мислел само на тоа, тогаш е во ред. Но да вели дека се вратил, е исто како сонцето да каже дека утре пак ќе изгрее. Кога ги изговори тие зборови, јас во себе помислив: Пријателе, ти никогаш не си заминал, сите другите се уште се обидуваат да те стигнат, – порача Ибра.