Новак Ѓоковиќ се пријави на егзибицискиот турнир во Хурлингем и требаше денеска да има генерална проба пред Вимблдон, но во последен час одлучил да го откаже учеството и тоа го направил без никакво објаснување.
Турнирот во Хурлингем објави дека Ѓоковиќ ќе биде заменет од Мартин Дам во закажаната пресметка со Карен Хачанов, па така наместо да гледаме генерална проба на Србинот пред еден од омилените грен слем турнири, сега надвиснуваат прашалници за неговата здравствена состојба.
Засега нема никакво објаснување за откажувањето на денешниот настап, а бидејќи истото доаѓа на само неколку дена пред стартот на Вимблдон, се поставуваат прашања за неговата физичка форма.
Новак се мачеше со повреда на рамото од стартот на 2026-та година, па иако изгледаше добро и свежо против Жоао Фонсека на Ролан Гарос, сега останува да видиме дали поовтрно има некој проблем пред стартот на Вимблдон.
Веста за неговото откажување ги загрижи фановите на српскиот тенисер, кој оваа година има во план да атакува на осмата титула на Вимблдон.







