Неверојатната утка на Кејн која фановите ја поврзуваат со „црната магија“ на шаманот од Гана

Дерби

24/06/2026

10:43

275

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн на одличен начин го отвори Светското првенство и постигна два гола против Хрватска, но вчера беше сопрен од одбраната на Гана, но во една ситуација реагираше и доста некарактеристично.

Капитенот имаше колосална шанса во 86-та минута и се најде во идеална позиција да стрела, но одбиената топка која му се врати од гредата, на крајот заврши далеку над голот.

Напаѓачот реагираше несекојдневно лошо за негови стандарди и тоа беше последна голема шанса за Англија на натпреварот со Гана, па откако фаворитот ремизираше 0:0, посебно до израз доаѓа изјавата која ја даде познат шаман од Гана во најавата за мечот.

– Веќе работам на Хари Кејн и неговиот настап против Гана. Имам покажано за што сум способен и претходно, па знам што треба да направам за да го спречам во намерата која ја има.

– Не му посакувам лошо и сериозна повреда, доволно ќе биде да го сопрам на дуелот против мојата земја. Ќе ја завршам мојата работа во обид да и помогнам на Гана да го оствари посакуваниот резултат, – изјави nародниот шаман Нана Кваку Бонсам во најавата за мечот.

Два дена подоцна, неговите сонародници успеаја да одолеат, а фудаблските фанови ја поврзуваат неверојатната утка на Кејн со „црната магија“ на Бонсам.