На 27 јуни во Паркот на франкофонијата ќе се одржи Меѓународна изложба на чопери и custom моторцикли, каде ќе бидат изложени преку 90 мотори од повеќе земји. Настанот дополнително ќе вклучува уметнички перформанси, музички настапи и доделување награди.
CRUISE CULT ги поканува граѓаните на Петтото издание на манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle што ќе се одржи на 27 јуни, сабота, во период од 12 до 18 часот во Паркот на Франкофонијата.
На меѓународната изложба на чопери и custom моторцикли ќе има повеќе од 90 изложени мотори од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.
Манифестација
„Манифестација која ги спојува уметноста и мото-културата. Преку изложените примероци на мотори на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици“, велат од CRUISE CULT.
Програма
12,00 ч. – 18,00 ч. Изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic.) во секоја класа по неколку карактеристични примероци.
– Перформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.
– Музички дел: Настапи на блуз и рок бендови: In The Mood & Band, Eruption и Saigon.
– Доделување на награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобри примероци на мотоцикли во различни класи.
Настанот е финансиски поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Центар.







