Пороен дожд, град и грмотевици – Македонија од утре под влијание на циклон

Макфакс

22/06/2026

17:39

667

Големина на фонт

а а а

Од утре Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со нестабилна облачност, пороен дожд, град и грмотевици, а од петок се очекува потопло и сончево време со дневни температури над 30 степена.

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР.


Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.


Во Скопје, во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.