[ВИДЕО] Српска инфлуенсерка предизвика критики со коментарот како може да си дозволи „Chanel“ чанта: „Готвам супа за три дена“

Точка

19/06/2026

13:24

686

Големина на фонт

а а а

Српската инфлуенсерка Леа Станковиќ разгневи многумина на социјалните мрежи со својот коментар откако ја прашале како си дозволила „Chanel“ чанта, тврдејќи дека успеала во тоа така што не нарачува достава и јаде храна дома.

Оваа 25-годишна инфлуенсерка често споделува фотографии од луксузни парчиња, а сега на видео одговори како може да си ги дозволи.

„Луѓето често ме прашуваат од каде ми се парите за „Chanel“ чанта. Од тоа што јадам дома, готвам супа за три дена, готвам уште едно јадење за три дена и од тоа што не се хранам по ресторани и не нарачувам достава“, вели таа на снимката.

Потоа се осврнала на тоа колку другите често нарачуваат храна, тврдејќи дека тоа ги спречува да поседуваат луксузни предмети.

„Дали знаете колку пари месечно им одат на луѓето за достава? Во просек, една нарачка за едно лице е 2.000 динари, земате два оброка дневно, а никој не јаде само два дневно, тоа веќе се 4.000 динари. На месечно ниво тоа се 120.000 динари и толку чини една „Louis Vuitton“ чанта. Значи, итно сите да почнеме да готвиме дома“, рекла таа во продолжение.

Снимката набрзо почна да се споделува на сите платформи, а следуваа стотици коментари во кои ја критикуваа, наведувајќи дека нема допир со реалноста.


„Мене кај квази инфлуенсерите толку ме фасцинира оваа отсеченост од реалноста бидејќи погледнете и слушнете ја самодовербата со која таа мисли дека просечен човек нарачува достава не само секој ден туку повеќепати дневно, и убедена е дека го решила капитализмот“, гласи еден од коментарите.

По критиките што ѝ ги оставија под снимката што ја сподели на ТикТок, Србинката се надоврзала: „Никој не зборува за луѓето кои готват цел живот, туку за оние кои се навикнати премногу да нарачуваат, а се прашуваат каде им одат парите“.