„Пред разводот одлучив дека завршив со глумата, но…“ Првата исповед на Анџелина Џоли за разделбата со Бред Пит

Точка

18/06/2026

15:00

407

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли во изминатите години беше прилично застапена во медиумите, но никогаш директно не зборувала за разводот со Бред Пит и за бурната правна битка што трае долго време.

Еден од најубавите холивудски парови на сите времиња се раздели во 2016 година, а разводот официјално беше финализиран дури во 2024 година, по долгата битка за старателството над децата и за имотот.

Анџелина сега дала интервју за „Variety“ по повод својот нов филм „Couture“, во кое признала дека зад неа е многу тежок период.

„Мислам дека борбениот дух конечно ми се врати. Накратко го изгубив“, рекла актерката.


Како што објаснила, најголема поддршка во овој болен период ѝ биле децата – трите сина и трите ќерки што ги посвоила и родила за време на врската со Бред Пит.

„Речиси сите мои деца се полнолетни, а сега сакаат да ме гледаат како патувам низ светот, излегувам и правам разни работи… Тие ме познаваат подобро од кој било друг и сè уште ме сакаат, што кажува многу“, истакнала таа.

Познато е дека Анџелина долго време сакала да се повлече од глумата и дека била на чекор да го стори тоа непосредно пред разделбата со Бред Пит. Нејзината намера била да се посвети на режијата и на хуманитарната работа. Сепак, тоа не било можно.


„На некој начин, уште пред разводот одлучив дека завршив со глумата. Се фокусирав на режијата и сакав да се занимавам со мојот меѓународен ангажман. Одеднаш, единствениот начин повеќе да бидам дома, да отсуствувам накратко или да заработувам доволно пари беше повторно да ѝ се вратам на глумата“, објаснила Џоли.

Ги воспитува децата како да нема уште долго да биде со нив

Бред Пит и Анџелина Џоли имаат шест деца: Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, а речиси сите нејзини деца повеќе не го користат презимето Пит. Покрај тоа, неколку од нив и официјално поднеле барање тоа да биде отстрането од нивните целосни имиња.

Сите останале со мајката по разводот и колку што е познато, го прекинале контактот со таткото.


„Децата ги воспитувам речиси како да ги подготвувам за времето кога нема да бидам тука, а не толку како дека еден ден ќе станам баба“, признала Анџелина, алудирајќи на здравствените кризи низ кои поминала.

Потсетуваме, актерката во 2013 година беше подложена на двојна мастектомија, откако открила дека има мутација на генот БРЦА1, која го зголемува ризикот од рак на дојка и рак на јајчниците. Оваа болест му предизвикала многу болка на нејзиното семејство, а познато е дека мајката, бабата и тетката на Анџелина Џоли починале од рак.