[ФОТО] Свадба која изгледа како магична сцена од филм: Пејачот Иван Јованов со ќеркичката и прекрасната избраничка блескаат на нивниот најважен ден

Точка

18/06/2026

13:17

958

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на македонскиот бенд „Либеро“, Иван Јованов, деновиве ги отвори вратите од еден од најубавите моменти во својот живот и со јавноста ги сподели официјалните фотографии од свадбената прослава која привлече многу внимание.

На 13 јуни, Иван и неговата долгогодишна партнерка Ивана Јованова, ја крунисаа својата љубов со романтична свадбена церемонија организирана во модерен ресторан покрај базен, следејќи ги најновите светски свадбени трендови кои во последно време стануваат сè попопуларни и кај нас.


Иако веќе две години уживаат во улогата на родители, парот сега одлучи и официјално да го каже судбоносното „да“, а нивната љубовна приказна доби уште поемотивна нота благодарение на нивната двегодишна ќеркичка, која беше вистинска ѕвезда на вечерта.

Посебно внимание привлече токму малечката, која за големиот ден беше облечена во бела свечена комбинација и изгледаше како вистинска мала невеста, освојувајќи ги симпатиите на присутните.


Невестата блескаше во елегантна, тесна венчаница со впечатлив корсет кој совршено ја истакнуваше нејзината фигура, додека младоженецот избра класичен, софистициран смокинг, создавајќи впечаток на совршено усогласен пар.

Особено магичен момент беше нивното пристигнување на свадбениот подиум, кога атмосферата дополнително ја збогати познатиот саксофонист Горан Папаз, кој со звуците на саксофонот внесе доза гламур и романтика во целата церемонија.


Потоа следуваше и нивниот прв свадбен танц, за кој избраа емотивна музичка тема од култната серија „Porodično blago“, момент кој дополнително ја разнежни атмосферата и ги воодушеви гостите.

На официјалните фотографии што сега ги сподели Иван на социјалните мрежи, јасно се гледа дека ова не била само уште една свадбена прослава, туку ден исполнет со искрени емоции, љубов и семејна среќа.

Насмевките кои ги споделија пред објективот зборуваат повеќе од илјада зборови – а едно е сигурно, ова беше ден што семејството Јованов ќе го памети засекогаш. ❤️