Невил: Еден англиски играч го „исклучи“ Модриќ од игра

Дерби

18/06/2026

13:37

332

Големина на фонт

а а а

Англија ја победи Хрватска со 4:2 и ја надигра во второто полувреме во Тексас, натпревар на кој видовме и потпросечно издание на Лука Модриќ, играчот кој обично ги влече конците во играта на „коцкестите“.

Капитенот одигра некарактеристично лош натпревар и беше повлечен од игра во 58-та минута, па тоа им даде за право на Англичаните да заклучуваат дека Модриќ бил надигран од агресивните и физички подготвени фудбалери на Томас Тухел.

Во тој контекст оди и анализата на Гери Невил, кој посочи еден фудбалер кој целосно го неутрализирал Модриќ со своето присуство на теренот.

Гери смета дека Модриќ бил обележан како мета од страна на англиските фудбалери, но посебно од Елиот Андерсон.

– Пред стартот на натпреварот бевме загрижени дека Модриќ ќе го диктира ритамот и темпото на игра. Тоа не се случи и тоа е така благодарение на Англија.

– Лука е фантастичен играч, но беше повлечен од игра после 50-тина минути и ова се прекажа како претежок натпревар за него. Тој беше прилично таргетиран од Елиот Андерсон, постојано беше околу него и не му дозволи да диктира посакуван ритам. Во минатото Англија им дозволуваше на вакви играчи да имаат по сто пасови на натпревар, но овојпат тоа не се случи, – вели Невил.