Германска легенда: Не сум сигурен дека Кејн е играч за големи натпревари!

Дерби

18/06/2026

14:19

322

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн одигра капитенски против Хрватска и со два гола во првото полувреме во два наврати носеше предност за Англија, па иако неговите голови не го одлучија победникот, јасно е дека одигра важна улога во победата од 4:2.

Тимот на Томас Тухел одигра извонредно во вториот дел во фазата на пресинг и не им дозволи на Хрватите да излезат од својата половина во првите 20-тина минути во продолжението, а откако брзо погоди Џуд Белингам, на крајот во листата на стрелците се запиша и Маркус Рашфорд.

Покрај двата погодоци, Кејн во неколку наврати покажа добри движења и како организатор, а додека цела Англија се восхитува на трудот кој го вложува капитенот, легендарниот Диди Хаман не е убеден дека Хари е играч за најголемите натпревари на Светското првенство.

Поранешниот фудбалер на Баерн и Ливерпул излезе со став кој веднаш привлече големо внимание, особено во британскиот медиумски простор.

– Кејн е капитен и негова одговорност е да постигнува гол во нокаут натпреварите, се уште не сум сигурен дека е способен за тоа. Сакам да видам како прави разлика против Франција, Бразил или Германија.

– Мислам дека на овој турнир има неколку напаѓачи кои попрво ги имал во својот тим, отколку него. Во одредна фаза од турнирот потребна ви е брзина, а тој едноставно ја нема. Неговата завршница најверојатно е најдобра во светот, но дали ќе дојде до шанса за такво нешто против Германија, Бразил или Франција? Искрено, не сум баш сигурен во тоа, – потенцира Хаман.