Играчот за врска за ДР Конго: Не се подготвувавме за Роналдо, тој е веќе стар…

Дерби

18/06/2026

13:36

259

Големина на фонт

а а а

Јоан Виса испиша фудбалска историја и стана првиот играч на ДР Конго кој постигна гол на еден мундијал, а истиот беше доволен и за прв историски бод на Светските првенства.

Фудбалерот на Њукасл одлично го испрати центаршутот и постигна одличен гол со глава против Португалија, па иако тоа се случи пред крајот на првиот дел, резултатот до крајот не се менуваше.

Играчите на ДР Конго за вторпат во својата историја се дел од еден најважен фудаблски настан во светот, а по првиот освоен бод против ѕвезди како Кристијано Роналдо, Жоао Невеш и Витиња, аутсајдерот сосема оправдано со голема еуфорија го славеше бодот.

Португалските ѕвезди потфрлија и покажаа дека имаат уште многу за работа пред вториот натпревар на мундијалот, но од противничкиот табор пристигна и една зајадлива порака за капитенот Роналдо, кој вчера дефинитивно не беше на висина на задачаата.

Нгалајел Мукау настапува за Лил и вчера беше стартер во средниот ред на ДР Конго, а по натпреварот привлече внимание со својата изјава на најдобриот португалски голгетер.

Новинарот го запраша дали играта на ДР Конго се темелела кон сопирање на Кристијано, по што Мукау даде краток и отсечен одговор.

– Да бидам искрен, не баш. Знаеме дека не е како некогаш, тој е веќе стар. Без оглед на се, тој останува еден од најдобрите во историјата и многу го почитувам, – изјави Мукау.