Ретка, неотворена копија од популарна видео-игра е продадена на аукција за рекордна сума.
Запечатена копија од играта „Super Mario Bros.“ за „NES“ од втората производна серија, која е наречена „најзначајната видео-игра некогаш понудена на аукција“, беше продадена во петокот за неверојатни три милиони долари.
Според податоците на аукциската куќа „Heritage Auctions“, играта во последните 40 години стоела недопрена во кутија заедно со првото издание на конзолата „NES“ („NES Control Deck“) – во оригиналното пакување со сè уште недопрена заштитна пластика.
Она што ја прави оваа конкретна копија толку посебна е фактот што има неоштетен сјаен печат во форма на налепница, кој бил користен краток период во 1986 година, пред „Nintendo“ да премине на вакуумско пакување (целофанско затворање) на своите игри.
Според аукциската куќа, познато е дека постојат само три копии од втората производна серија со ваков формат на сјајна налепница, а оваа е оценета како најдобра меѓу нив, со рејтинг „PSA 9.6 A++".
JUST IN: The most expensive video game in the world sold for $3 MILLION 🤯
— Fanatics Collect (@Collect) June 13, 2026
Of the three known sealed copies of this 40-year-old Super Mario Bros. game, this one holds the highest grade of them all.
This Heritage Auctions sale shattered the previous record of $2 million, making… pic.twitter.com/HgBCe3uzxk
„Оваа специфична варијанта никогаш досега не се појавила на јавна аукција во запечатена состојба, што дополнително нагласува колку е ретка и тешка за пронаоѓање“, се наведува во описот на „Heritage Auctions“.
Бидејќи овие игри во тоа време не биле дополнително заштитени со пластична обвивка, пронаоѓањето примерок во ваква состојба неколку децении по неговото објавување претставува вистинска реткост.
Играта и конзолата со која била спакувана потекнуваат од периодот на тестирање на пазарот во Лос Анџелес, во раните денови од ширењето на „Nintendo“ на американскиот пазар.
„На многу начини, ова е најблиску што еден колекционер може да дојде до поседување на самиот момент кога „Super Mario Bros.“ ги трансформираше конзолните видео-игри од минлив тренд кој се бореше за опстанок во траен дел од културната историја“, напиша аукциската куќа.
Продажбата уште еднаш потврдува дека ретките примероци од видео-игри денес претставуваат вредни колекционерски предмети, а за најпосакуваните изданија колекционерите се подготвени да издвојат милионски суми.









