Полна сала за светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, во продукција на Синема Футура

Точка

15/06/2026

13:12

236

Големина на фонт

а а а

На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм Арт Центар во Шангај премиерно беше прикажан филмот „Руини“. Проекцијата се одржа пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци за филмот.

По проекцијата следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми.


Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев.

Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на звук на Лука Гамулин.


Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд.

„Руини" е копродукција помеѓу Синема Футура и Минимал колектив од Македонија, Рестарт од Хрватска и Потем од Словенија, во соработка со Filmtrick.