Еквадор скапо ја плати лошата среќа против „слоновите“, Шведска испука „петарда“ на стартот на СП

Дерби

15/06/2026

11:00

157

Големина на фонт

а а а

Двата натпревари во раните утрински часови беа целосно дијаметрални кога се постигнатите голови во прашање, бидејќи воведниот беше решен само со еден гол во самата завршница, а на вториот видовме шест гола и беше втор најефикасен на ова Светско првенство.

Програмата беше отворена со дуелот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска, па иако играчите од Јужна Америка беа далеку подобри во период од 60 минути, главен проблем е што беа неефикасени.

Играчите од Еквадор двапати ја тресеа рамката од голот во првото полувреме, ја погодија уште еднаш на стартот на вториот дел, но од овој момент, нивното темпо почна да паѓа и „слоновите“ почнаа да се осоколуваат.

Во таков распоред на силите, се доби впечаток дека може да го видиме и првиот меч кој ќе заврши 0:0, но во 90-та минута следеше гол на Амад Диало за големата победа на Брегот на Слоновата Коска.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед се покажа како одлучувачки фактор за победа, исто како што беше и Ајари во убедливата победа која ја оствари Шведска над Тунис.

Скандинавците се прикажаа во фуриозно издание и победија со 5:1 во натпревар во кој Ајари постигна два гола, а Исак, Ѓокереш и Сванберг по еден. Единствениот гол за Тунис беше дело на Рекик пред крајот на првиот дел.