СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав

Макфакс

15/06/2026

09:20

138

Големина на фонт

а а а

Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат Филипче и СДС дека немаат политичка визија, туку слугуваат на официјална Софија и ги претставуваат барањата за внесување на Бугарите во Уставот, што влијае негативно на националните интереси и довербата во партијата.

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена“

Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Внесување на Бугарите во Уставот

„Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.

Наспроти македонските национални интереси

СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доаѓаат однадвор а на штета на македонските национални интереси.

Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.

Поданичкиот и капитулантски однос на СДС и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС.

СДС нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДС е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.

СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и национални интереси.

Консеквенциите од позицијата на Филипче

Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.