[ФОТО] Sparkasse Vibe On: Parallel Group Architects и Property One Office Furniture ја реализираа првата експозитура за млади во Македонија

Точка

15/06/2026

12:41

315

Големина на фонт

а а а

Првиот уникатен простор за млади во Македонија, Sparkasse Vibe On, доби современо архитектонско и ентериерно решение реализирано од Parallel Group Architects, со комплетно опремување на мебел и ентериерни елементи од Property One Office Furniture.

Станува збор за проект што поставува нов стандард во дизајнот на комерцијални простори, каде што функционалноста, визуелниот идентитет и корисничкото искуство се споени во една модерна и јасно осмислена целина.

Проектот е создаден како одговор на потребата за простор што ќе биде поинаков од класичните банкарски експозитури. Наместо формален и традиционален амбиент, решението носи отворен, динамичен и современ карактер, во кој секој елемент е внимателно поставен за да создаде чувство на пристапност, комфор и доверба.


Parallel Group Architects го развија архитектонскиот концепт со фокус на просторно искуство што одговара на навиките и очекувањата на младата генерација. Организацијата на просторот, изборот на материјали и визуелниот ритам се осмислени така што просторот не функционира само како место за услуга, туку и како место за комуникација, информирање и интеракција.


Во реализацијата на ентериерот, значајна улога има Property One Office Furniture, кој го обезбеди комплетното опремување на просторот со внимателно селектиран мебел и ентериерни решенија од реномирани европски брендови, меѓу кои Leyform, Sitia, нашите бестселери Pixels на Bene, Noti, Maro, Blocko, осветлувањето на Molto Luce и теписоните на Associated Weavers. Изборот е направен со цел да се поддржи целокупниот концепт како модерен, функционален, удобен и визуелно усогласен со енергијата на проектот. Преку внимателно избрани парчиња мебел, осветлување и подни решенија, просторот добива баланс помеѓу професионална деловна средина и опуштена, современа атмосфера.


Особено важен аспект на проектот е неговата колаборативна основа. Просторот е реализиран и како концепт што ги зема предвид мислењата, потребите и начинот на размислување на младите. Токму затоа, финалниот резултат е простор што не е наметнат, туку создаден за генерацијата на која ѝ е наменет.


Со оваа реализација, Parallel Group Architects и Property One Office Furniture уште еднаш ја потврдуваат својата улога во создавање современи ентериерни решенија што не се само визуелно атрактивни, туку имаат јасна намена, приказна и вредност за корисниците. Проектот покажува како дизајнот, квалитетниот мебел, внимателно избраните брендови и вистинското разбирање на корисникот можат да создадат простор што остава силен впечаток.

    

Иницијативата на Sparkasse Банка за отворање на Vibe On произлегува од потребата банкарството да стане поблиско, поразбирливо и подостапно за младите. Преку овој проект, банката создава простор каде младите можат да се информираат, да добијат поддршка, да развиваат финансиски навики и да се поврзат со банкарските услуги на начин што е поблизок до нивното секојдневие. Затоа, оваа експозитура не е само нов продажен простор, туку платформа за комуникација, едукација и градење доверба со новата генерација корисници.

Комерцијален текст