Јапонските навивачи повторно го воодушевија светот со гестот по кој веќе се добро познати. По драматичното реми против Холандија, тие останаа на трибините и го исчистија ѓубрето зад себе.
Иако Даичи Камада со гол во завршницата ѝ донесе бод на Јапонија и предизвика еуфорија меѓу навивачите, тие по последниот судиски свиреж останаа на стадионот за да го соберат отпадот. Со тоа уште еднаш покажаа зошто многумина ги сметаат за едни од најомилените навивачи во светот.
Драматично реми на отворањето
Во првиот натпревар од групата Ф, Јапонија двапати се враќаше од резултатска негатива. Холандија поведе со голот на Вирџил ван Дајк, а потоа Кеито Накамура израмни со силен удар. Ново водство за Холанѓаните донесе Крисенсио Самервил, играч на Вест Хем, но Камада непосредно пред крајот на натпреварот постигна гол за конечни 2:2 и важен бод за Јапонија.
After the game ended, Japanese fans stayed in the stadium to collect paper and waste.
— World Cup 2026 (@ofootball__) June 14, 2026
Respect, Japan. 🇯🇵 pic.twitter.com/aB0WL2ZbAt
Традиција на чистење на трибините
И покрај големото славење поради освоениот бод, јапонските навивачи не го напуштија стадионот веднаш. Неколку минути по натпреварот, со вреќи за ѓубре што ги донеле со себе, почнаа да ги чистат трибините. Поминуваа низ редовите и го собираа отпадот што останал зад гледачите. Чистењето на стадионите по натпреварите веќе стана заштитен знак на јапонските навивачи. Истата практика ја покажаа и на Светското првенство 2022 во Катар, како и во 2018 година во Русија.
Пофалби на социјалните мрежи
Снимката од нивната акција брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина им упатија пофалби. „Најдобрите навивачи во светот. Пресреќен сум што се во мојот роден град“, напиша еден корисник.
The reason Japan fans clean the stadium after each game. Respect. 🤝🇯🇵 pic.twitter.com/o9qJUOLefY
— FIFA (@FIFAcom) June 15, 2026











