Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар денеска без струја

Макфакс

15/06/2026

07:44

149

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува за привремено прекинување на електрична енергија во делови од општините Кисела Вода, Илинден и Центар поради планирани технички работи.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Банско, општина Кисела Вода;

· во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата 10 Кадино, општина Илинден;

· во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од Природонаучен музеј и табако кај Зоолошка градина, општина Центар.