Министерот Мисајловски на отворањето на EUROSATORY 2026 во Париз

Макфакс

15/06/2026

09:30

145

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствува на отворањето на меѓународниот саем EUROSATORY 2026 во Париз, каде ќе се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања во одбраната и ќе оствари значајни средби за соработка и модернизација на македонската армија.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема.

За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ќе оствари средба со Хелен Конвеј-Мурет – потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат.

Оваа посета е одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, кои ќе бидат од особено значење имајќи ги предвид следните чекори за модернизација на опремата за македонската Армија, соопштува Министерството за одбрана.