Босанските навивачи го освоија Торонто: Неверојатни сцени пред натпреварот со Канада

Точка

12/06/2026

20:21

875

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на натпреварот од Светското првенство меѓу Босна и Херцеговина и Канада, Торонто буквално беше обоен во боите на БиХ, а улиците на градот беа преплавени со илјадници навивачи кои се собраа да им дадат поддршка на Змејовите.

Снимките од канадскиот град покажуваат неверојатна атмосфера и масовно собирање на босанско-херцеговските навивачи, кои уште неколку часа пред почетокот на натпреварот ги исполнија централните градски улици, создавајќи сцени кои брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Сцените што ги забележа екипата на „Vijesti.ba“ навистина оставаат без зборови.

Навивачите, со песни, знамиња и скандирања на „Bosni se radujem … Bosna je dio života mog“, го претворија Торонто во вистинска сино-жолта навивачка зона, додека сè поголем број луѓе се упатуваа кон стадионот.

Атмосферата пред натпреварот достигнува кулминација.


Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Канада започнува вечерва во 21 часот по македонско време.

Шест дена по овој дуел, Босна и Херцеговина ја очекува нов предизвик. Против Швајцарија ќе игра на 18 јуни во Лос Анџелес, додека на 24 јуни ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза против Катар во Сиетл.


Фото: Кенан Чорпа, Vijesti.ba