Руни за асот кој сака одново да го види во Јунајтед: Тој работи…

Дерби

12/06/2026

15:35

346

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни како играч остави голема трага во Манчестер Јунајтед во периодот од 2004 до 2017 година, временски интервал во кој ги освои сите можни пехари со клубот.

Сега Јунајтед е далеку од тие времиња и се слави дури и самиот пласман во Лигата на шампионите што доволно говори за падот кој клубот го доживеа по заминувањето на сер Алекс Фергусон.

Се влечеа погрешни потези и според Руни еден од нив е ослободувањето на Скот Мектимонеј. Премиерлигашот лесно се откажа од играчот од својата школа кој потоа блесна во калчолигашот Наполи каде беше клучен во освојувањето на Скудетото.

Тој има договор до 2028 година, но Вејн верува дека Јунајтед би можел да го врати на „Олд Трафорд“.

- Не можев да поверувам дека Манчестер Јунајтед го пушти да си оди кога го направи тоа, бидејќи е играч кој напорно и редно работи. И во времето кога го пуштија, тој всушност беше еден од играчите што ги сакавте на теренот секоја недела затоа што чувствувавте дека играчите не работат или не го даваат најдоброто, а тој беше влијателен.

- Играше во понапредна улога и постигнуваше важни голови. Кога Манчестер Јунајтед го пушти, си помислив: „Леле, што се случува овде?“ Но, би сакал сега да се врати во Манчестер Јунајтед, - подвле некогашниот напаѓач.