[ФОТО/ВИДЕО] Од Нигерија до светската сцена: Кој е Бурна Бој, ѕвездата што настапи со Шакира?

Точка

12/06/2026

14:40

491

Големина на фонт

а а а

Спектакуларното отворање на Светското првенство 2026 во Мексико Сити го одбележа настапот на Шакира и Бурна Бој, кои ја изведоа песната „Даи Даи“, една од главните нумери на овогодишниот Мундијал.

Нивниот настап беше еден од најочекуваните моменти на церемонијата, со кој Бурна Бој, заедно со Шакира, уште еднаш го потврди статусот на голема музичка ѕвезда на денешницата.

Кој е Бурна Бој?

Бурна Бој е всушност уметничкото име на Дамини Ебунолува Огулу, пејач и текстописец од Нигерија, кој стана еден од најзаслужните музичари за глобалната популаризација на афробитс.


Роден е во 1991 година во Порт Харкорт. Кариерата ја започнал на почетокот на минатата деценија, но светска слава стекнал со албумите „African Giant“, „Twice as Tall“, „Love, Damini“ и „I Told Them …“.

Неговиот препознатлив звук претставува спој на африкански ритми, хип-хоп, реге музика, денсхол и Ар-ен-Би, што тој самиот го опишува како „афро-фјужн“.


Посебна пресвртница во кариерата „Африканскиот џин“ ја доживеал во 2021 година, кога освоил Греми за најдобар глобален музички албум со изданието „Twice as Tall“.

Во текот на следните години станал еден од најнаградуваните и највлијателните африкански изведувачи.

Соработувал со најголемите светски ѕвезди

Неговата популарност одамна ги надминала границите на Африка. Бурна Бој настапувал на најголемите светски фестивали, распродавал концерти низ целиот свет и соработувал со имиња како Ед Ширан, Стормзи, Џастин Бибер, Сем Смит и 21 Севиџ. Многумина денес го сметаат за најголемата африканска музичка ѕвезда на својата генерација.


Поради тоа не е чудно што ФИФА го избрала токму него за партнер на Шакира на отворањето на Мундијалот. Нивната заедничка песна „Даи Даи“ ги спојува латино и африканските ритми.