Урбан Фест 2026 ја обедини македонската музичка сцена: Две вечери исполнети со музика, емоции и илјадници посетители

Точка

11/06/2026

17:05

167

Големина на фонт

а а а

Со одлична енергија, силна посетеност и богата музичка програма, успешно заврши второто издание на Урбан Фест - единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија.

Фестивалот се одржа на 9 и 10 јуни на локацијата „Вембли“ во Градски парк, каде во текот на двете вечери илјадници посетители имаа можност да уживаат во настапи на голем број македонски изведувачи и диџеи, кои ја претставуваат современата домашна музичка сцена.

На втората фестивалска вечер настапија Зарина Првасевда, Миа Перевска, Полина, Симона Поповска, Александар Тарабунов, Сара Мејс, Тони Зен, Два Бона, Ерик Фокс и Преку Ред, кои со своите настапи ја заокружија дводневната музичка приказна и придонесоа за уште една вечер исполнета со одлична атмосфера, емоции и силна поврзаност со публиката.


Првата фестивалска вечер, пак, ја одбележаа настапите на учесниците од проектот „Музичка фабрика“ и голем број млади и веќе етаблирани артисти, со што Урбан Фест уште еднаш ја потврди својата отвореност кон различни генерации и музички стилови.


Влезот за сите посетители беше бесплатен, што овозможи фестивалот да биде достапен за широка публика и да создаде вистинска заедничка фестивалска атмосфера во срцето на градот.


Со своето второ издание, Урбан Фест уште еднаш ја потврди својата мисија – поддршка и промоција на македонската музика, создавање простор за домашните автори и изведувачи и градење силна заедница околу современата музичка сцена.


По повод роденденот на Urban FM и крајот на учебната година, фестивалот и оваа година ја слави домашната музика, младите таленти и современата македонска музичка сцена, оставајќи силен белег во летниот културен календар на Скопје.