Во рамки на платформата Сити Базар, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи летен базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој, своите рачно изработени производи ќе ги претстават 26 современи ракотворци.
На тридневниот базар ќе бидат претставени рачно изработени производи како органска козметика за заштита од сонце, рачно изработени летни шаторчиња, лепези, термоси и летни аксесоари за плажа, природни сапуни, уникатни летни чанти и марами, лековити и ароматични билки, етерични масла, летни аксесоари, уникатен накит, производи од кожа, декоративни предмети за домот, рачно насликана керамика, миризливи свеќи, детски изработки... Базарот се издвојува и по разновидноста на занаетчиските техники и материјали – од филигрански сребрен накит со современ дизајн, до рачно насликана керамика, накит од епоксидна смола и полимерна глина, како и производи изработени од природни материјали.
На летниот базар ќе се претстават брендовите: Poppy, Светник, Forest Stories, БЛИСКА, ЈУНИК КОРНЕР, Opullex Jewelry, Лила Handmade, Мое Сапунче, tilia.organica, Small Piece of Joy, Zen.Zeal, Лавита Агро, Апи Козметика, Декупаж Катче, Мое Катче, Матројшка, Игнеа Козметика, Јулија Барбун, Атеље Сиена, Marcy’s Handmade, vbunarovska, Вегама, SIRA Leather, Epoxy Handmade by Clay, Шарено Ќоше, Креативно Студио Алегра и Filigree LARGO.

Преку Сити Базар, Скопје Сити Мол, веќе години наназад создава простор за афирмација на домашното занаетчиство и креативна продукција, степенувајќи ја важноста на развојот на локалната сцена и зачувувањето на рачната изработка, како значаен сегмент од современото творештво. Со поддршката и промоцијата на локалните креативци, им се овозможува директен контакт со пошироката јавност и дополнителна видливост за нивните производи и занаети.
Летниот базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“ ќе биде отворен за посетители од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол.











