[ВИДЕО] Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

Макфакс

12/06/2026

12:50

191

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, предупредува дека со уставните измени се отвора пандорината кутија која најмногу им одговара на Бугарија и на Филипче. Тој го критикува договорот на власта и посочува дека тоа ќе доведе до национални и идентитетски отстапки со кои ќе се компромитира македонскиот интерес.

Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, вели Петрушевски, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.

„Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот.

Сето ова за Филипче е прифатливо без доза на размислување.

Поради своите криминали потпишуваа погубни државни договори, само за да останат ден повеќе на власт“.

И додека над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, посочи пратеникот, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси.

Поради ваквото однесување, СДС, оценува тој, уште повеќе ја губи поддршката од граѓаните. Народот веќе еднаш ги казни, сега ќе ги докрајчи.