Муцунски во Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Макфакс

12/06/2026

10:50

176

Големина на фонт

а а а

Министерот Тимчо Муцунски на бизнис форумот во Истанбул посочи на значењето од унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција како клучни за регионалниот развој.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул се обрати на Бизнис форумот помеѓу двете земји, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка.

„Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина“, вели Муцунски.

„Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните.

Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати.

Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите.

Посилната економска соработка не е важна само за нашите две држави. Таа значи поголема поврзаност, поголема конкурентност и повеќе можности за развој на целиот регион“, соопшти Муцунски преку социјалните мрежи.