[ФОТО] Ова не е иста личност: Луѓето останале изненадени кога славната пејачка ја виделе без перика на прошетка со своето синче

Точка

11/06/2026

10:00

1.579

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сиа неодамна беше фотографирана во градот, а луѓето беа шокирани кога го видоа нејзиното вистинско лице. Таа не е истата личност без перика и импресивна шминка.

Сиа е повеќе од пејачка, таа е сценска уметница која е украсена и со тело и со глас, а луѓето ширум светот ја обожаваат поради нејзините необични костими и перики што секогаш ги користи за да го покрие своето вистинско лице.


Сепак, фотографите неодамна ја фотографирале на една сосема обична прошетка во Лос Анџелес, во друштво на нејзиниот двегодишен син Самерсолт Вондер.

Наместо шокантен аутфит и перика што го крие нејзиното лице, таа носела лежерни парчиња што предизвикале вистинско изненадување кај фановите. Фотографиите се појавија на социјалните мрежи, а ние имавме можност да ја видиме пејачката во опуштен балон фустан, кој го надополнила со розова капа.

Фотографиите предизвикаа доста возбуда, бидејќи, како што можете да видите од приложеното, Сиа под рефлекторот и Сиа надвор од сцената не се иста личност.

Да потсетиме дека Сиа е позната по тоа што го чува својот приватен живот подалеку од љубопитниот свет, а јавноста беше изненадена кога стана мајка пред две години.


Потоа беше откриено дека таа тајно се развела од својот сопруг, Ден Бернард, а како причина за разводот во официјалните документи навела „непомирливи разлики“.