„Марка“: Конечната одлука на Барселона за Рашфорд ќе ги разочара луѓето во Јунајтед

Дерби

10/06/2026

14:59

280

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд имаше солидна сезона во Барселона и Ханси Флик јавно побара да се направи напор за англискиот репрезентативец, но како што стојат работите, каталонскиот великан сепак нема да ја активира клаузулата која ја има како опција за откуп на договорот.

Пред да дојде ред прашањето „Рашфорд“, Барселона како клуб направи голема инвестиција и го купи Антони Гордон за сума од 80 милиони евра, па тоа по се изгледа се покажува како пресуден фактор актуелниот шампион да ја откаже операцијата со Манчестер Јунајтед.

Угледната „Марка“ денеска информира дека Барселона не планира да вложи дополнителни средства за играч кој игра на левата крилна позиција, па прогнозите се дека Маркус по крајот на Светското првенство ќе мора да се врати во Манчестер Јунајтед.

Барселона како клуб имаше опција да го откупи договорот на Маркус за 30 милиони евра, но очигледно постои човек во спортскиот сектор на каталонците кој не е целосно убеден во квалитетите на англискиот фудбалер.

Ваквиот потег на Барса како клуб дефинитивно ќе донесе разочарување на „Олд Трафорд“, бидејќи во клубот веќе ги планираа споменатите 30 милиони евра како средства кои треба да бидат пренаменети за нови засилувања во тимот на Мајкл Карик.