Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ имаше свој брифинг со новинарите и направи една рекапитулација на тоа што се случуваше во мак-фудбалот во сезоната која неодамна заврши, но секако ги коментираше и најактуелните теми поврзани за најдобрите клубови на нашата сцена.
Вардар како клуб вчера информираше дека спогодбено се договорил за УЕФА да исплати казна од 250 илјади евра поради неправилно работење и водење двојни договори во сезоната 2023/24, а оваа информација денеска ја коментираше и претседателот на Федерацијата, со напомена дека новиот првак во нашата земја минал доста добро.
– При секоја истрага на УЕФА, најпрво е контактирана домашната Федерација. Истрагата за Вардар траеше со месеци, но во целата истрага нашата Федерација беше исклучена од процесот. Како тело кое е чисто пред повисоките органи, направивме оваа истрага да нема негативна врска врз рејтингот на македонскиот фудбал. Искрено кажано, може да се каже деак Вардар можеше да мине и доста полошо. Клубот можеше да заработи забрани за настапи во Европа. Паричната казна е висока, но позитивна вест е што клубот не е елиминиран од евро натпреварувањата, – изјави Омерагиќ.
На денешното обраќање, Омерагиќ говореше и за стадионите кои треба да подлегнат на реконструкција со цел подобрување на инфраструктурата во македонскиот фудбал, при што откри дека тетовска Шкендија одбила помош од ФФМ.
– Шкендија како клуб го реновира својот стадион, а нема пријавено нов за следната сезона. Ние им понудивме помош од 700 илјади евра за изградба на трибини во Тетово, но еден човек од управата на клубот ми порача дека не им е потребна помош. Не планирам никого да молам и со сила не можеме на никого да му помогнеме, – изјави Омерагиќ.







