Аргентина ги загреа моторите за СП, Меси влезе во игра и направи разлика после 45 секунди

Дерби

10/06/2026

12:46

190

Големина на фонт

а а а

Аргентина успешно ја положи генералката за Светско првенство и со победа ќе го пречека новиот фудбалски мундијал, турнир на кој ја брани титулата на актуелен светски шампион.

Избраниците на Лионел Скалони рано утрово играа тест натпревар против Исланд во Алабама, а пред речиси 90 илјади фанови на трибините, „гаучосите“ се прикажаа во доминантно издание.

Резултатот го отвори Барко со гол во раната фаза на мечот, но за вистинските возбудувања се чекаше се до последните 20 минути, кога на теренот влезе капитенот.

Меси ја санираше повредата и доби шанса во 70-та минута, а 45 секунди по влегувањето во игра, веднаш направи разлика.

Лео мајсторски го проигра Лаутаро Мартинез кој се избори за пенал, по што капитенот ја презема одговорноста и погоди за 2:0.

До крајот, Меси осмисли уште една акција за гол, во која Де Пол беше асистент, а Алмада стрелец за конечни 3:0.