Дефанзивецот кој Перез го најави како големо засилување за Реал се „прослави“ со почетничка грешка во Нант

Дерби

05/06/2026

15:22

213

Големина на фонт

а а а

Франција не успеа да ги израдува своите навивачи и загуби на првата контролка за Светското првенство, и тоа со пресврт на домашен терен во Нант.

Брегот на Слоновата Коска постигна два гола во вториот дел и одоговори на погодокот кој го постигна Шерки, но гостите добија мала помош и од лошата поставеност на француските дефанзивци.

Ибрахима Конате имаше доста нерегуларна сезона во Ливерул и направи безброј киксови во кампањата за заборав, но дури и во такви услови, Флорентино Перез го најави како едно од потпишаните засилувања за Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец е играч кој ќе приситгне на „Бернабеу“ како слободен агент, меѓутоа вчера добивме потврда зошто фановите на Реал Мадрид не се баш најимпресионирани од овој потег на Перез.

Конате е склон кон киксови веќе година наназад, а вчера повтори такво нешто и со почетничка реакција го олесни израмнувањето на „слоновите“.