Сензационалната финалистка на Ролан Гарос откри што се крие зад нејзиниот различен аутфит и ги освои срцата со искрениот одговор

Дерби

05/06/2026

12:40

408

Големина на фонт

а а а

Овогодишеното издание на Ролан Гарос донесе безброј изненадувања во машка и женска конкуренција, но дефинитивно најголема сензација е Маја Хвалинска.

Тенисерката од Полска мораше да мине квалификации за да се најде на завршниот турнир, но благодарение на упорноста и извонредната игра, вчера обезбеди пласман во историско финале.

Хвалинска ја обезбеди најдобрата заработка и најголемата победа во својата кариера, а пред да почне да мисли на финалето кое ќе го игра против Мира Андреева, тенисерката од Полска импресионираше и со еден искрен одговор на прес-конференцијата.

Еден од новинарите ја праша Хвалинска што се крие зад различниот аутфит и различната опрема која ја користи на речиси секој меч кој го одигра во Париз, по што Маја даде најискрен одговор како 114-та тенисерка на ВТА листата.

– Мислам дека навистина не постои приказна околу тоа. Немам бренд кој ме спонзорира, па би кажала дека тоа е приказната зад моите различни комбинезони, – изјави Хвалинска.