Киву ја искоментира одлуката на Дамфрис и најави кој може да биде негова замена во Интер

Дерби

05/06/2026

14:38

223

Големина на фонт

а а а

Крајот на сезоната во Серија А носеше и еден очекуван ризик за Интер, а брзо стана јасно дека истиот ќе биде остварен во вид на загуба на важен фудбалер.

Дензел Дамфрис немаше баш најдобра сезона поради серија повреди, но фактот што ја остави зад себе петтата сезона во Милано, му даде за право да бара нов предизвик во кариерата.

Во договорот на Дамфрис постои клаузула според која може да биде ослободен за 20 милиони евра до крајот на месец јули оваа година, а веќе стана јасно дека истата е активирана од Реал Мадрид.

Флорентино Перез го најави холандскиот репрезентативец како свое трето засилување за новиот проект, па бидејќи Дамфрис веќе ги има и минато медицинските прегледи, се чека само официјална победа на Перез на изборите, за да се реализира целата зделка.

Интер како клуб не можеше да направи ништо посебно за да спречи вакво сценарио, па Кристијан Киву како тренер веќе размислува на алтернативите кои се нудат на трансфер пазарот.

– Дензел го направи тоа што сметаше дека е правилно за него. Имаше клаузула во неговиот договор и Интер не можеше да направи ништо за да го спречи во намерата. Мора да бидеме подготвени за секакво сценарио, мора да имаме правилно решение и алтернатива на секоја позиција, мора да најдеме играч кој ќе направи да одиме чекор понапред.

– Марко Палестра од Калјари е добар профил на фудбалер, но тој во моментов не е дел од мојот тим и не би сакал премногу да зборувам на таа тема, – изјави Киву на прашањето дали десниот бек на Калјари е прв пик на италијанскиот шампион.