Фудбалер на Наполи кој остана без СП поради повреда: Тешко ми е да ја прифатам реалноста

Дерби

02/06/2026

14:40

271

Големина на фонт

а а а

Повредите носат големи разочарувања кај фудбалерите, а тоа посебно важи во периодот пред големите настани како што ќе биде светското првенство.

Били Гилмор е еден од фудбалерите кои требаше да ги бранат боите на својот национален тим на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но повредата за време на подготовките стави крај на неговиот сон.

Фудбалерот на Наполи беше заменет на пријателскиот дуел со Курасао, а по средбата лекарскиот тим потврдил дека има повреда поради која не може да игра на СП, а и самиот морал да се движи со патерици.

– Не можам да пронајдам зборови со кои точно би го опишал тоа како се чувствувам во моментов.

– Бев толку блиску до остварување на мојот детски сон, да играм на СП, а сега ја пропуштив шансата поради повреда. Тешко ми е да ја прифатам реалноста, но ќе мора да чекам некоја друга шанса, – вели Гилмор.

Неговото место во националниот тим го зазема 19-годишниот Тајлер Флечер од редовите на Манчестер Јунајтед.

Шкотска во групната фаза на СП 2026 ќе игра со Бразил, Мароко и Хаити.