Рикелме со голема најава: Ако го победам Флорентино, ќе вратам голема легенда на Реал Мадрид!

Дерби

02/06/2026

07:55

544

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез неочекувано распиша претседателски избори во обид да ја врати загубената доверба меѓу фановите на Реал Мадрид, но уште поизненадувачки беше тоа што долгогодишниот мандатар доби противкандидат.

Перез се навикна самостојно да излегува на изборите и да биде едногласно избиран за претседател, но овојпат млад шпански претприемач собра храброст и даде банкарска гаранција од 200 милиони евра за да стане противкандидат на Флорентино.

Енрике Рикелме официјално влезе во претседателската трка и веќе ја води својата кампања пред изборите кои се закажани за крајот на оваа недела, а сега на јавноста и откри дека има и голем адут во ракавот.

Рикелме обелодени дека Раул Гонзалес ќе стане дел од неговиот спортски проект во Реал Мадрид, односно тој како спортски директор ќе биде задолжен за конфекција и составување на нов тим.

– Спортскиот директор веќе го имам осигурано и станува збор за познат Шпанец. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот, мораме да ги вратиме вредностите, мораме да го вратиме мадридизмот на оние кои го имаат клубот во својата ДНК. Спортскиот проект мора да го води легенда на Реал Мадрид, поддржан од професионалци кои ќе му бидат од корист.

– Станува збор за некој кој играше повеќе од 740 натпревари за Реал Мадрид, некој што постигна повеќе од 300 голови во 16 сезони. Нема никој што подобро го знае клубот, тоа е Дон Раул Гонзалес Бланко. Ако го победам Перез и станам претседател, Раул ќе биде спортски директор на Реал, – откри Рикелме.