Сопствениците на Милан направија голема чистка на најважните функции по крајот на неуспешната сезона, а претседателот Џери Кардинале и неговиот најблизок соработник Златан Ибрахимовиќ веќе преговараат со тандем кој треба да ги замени досегашните предводници на тимот.
Ралф Рангник и Оливер Гласнер би биле идеална солуција за нови предводници на спортскиот дел од менаџирањето и водењето на стручниот штаб, а Германецот е тој кој треба да ги повлече клучните потези за реализација на идејата.
Рангник е актуелен австриски селектор и треба да добие дозвола од федерацијата за да преземе нова функција, а во Милан очекуваат тој да изгради целосно нова структура која ќе донесе резултати наредните години.
Германецот би бил нов спортски директор, а како тренер треба да го ангажира Гласнер, кој заминува од Кристал Палас со освоен англиски Куп и Конференциска лига. Доколку австрискиот стручњак не ја прифати понудата, тогаш во игра влегуваат други опции, меѓу кои и Маурисио Покетино.
Италијанските медиуми најавуваат брз расплет, бидејќи Австријците сакаат да бидат на чисто со Рангник пред почетокот на СП 2026, а и Милан има потреба да ги повлече овие клучни потези за навреме да се подготви за новата сезона.







