Одлуката на Ливерпул да го отпушти Арне Слот беше изненадување за голем број фанови на „црвените“, но и позиција од која нема враќање назад и клубот мораше да повлече конкретен потег околу името на наследникот.
Според англиските медиуми, раководството на клубот од „Енфилд“ веќе официјално почнало преговори со посакуваниот иден менаџер и очекувано се работи за Андони Ираола.
Шпанскиот стручњак остави одличен впечаток со резултатите остварени со Борнмут, неговата екипа сезонава го освои шестото место во Премиер лигата, па Ираола е главен фаворит за менаџерската позиција во Ливерпул.
Одговорните во клубот сметаат дека стилот на Ираола е она што му е потребно на Ливерпул и она што го бараат фановите и се надеваат дека преговорите ќе финишираат брзо, па новиот менаџер ќе биде познат до пред почетокот на СП 2026.
Дел од клупските легенди на Ливерпул беа изненадени од отказот за Слот, но сметаат дека Ираола е најлогично решение во ситуација во која клубот е во потрага по негов наследник.







