Ново шоу на Арина: Сабаленка победи, па заигра пред публиката во Париз

Дерби

02/06/2026

11:44

342

Големина на фонт

а а а

Арина Сабаленка успешно реши уште еден предизвик на патот до титулата на Ролан Гарос или поточно со славјето над Наоми Осака дојде до четвртфиналето на вториот грен слем во 2026 година.

Сабаленка тримфираше со 2-0 во сетови со 7-5, 6-3, победа поради која беше среќна, задоволна и својата позитивна енергија и ја пренесе на присутната публика во Париз.

Тенисерката од Белорусија е позната по тоа што знае да се забавува и беше побарано од неа дали може да заигра на теренот, таа позитивно одговори и направи одлична атмосфера на хитот на легендарниот Мајкл Џексон (Трилер).