Димитријевиќ ја продолжи одличната серија, Баерн запиша нова плеjоф победа

Дерби

02/06/2026

07:31

301

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен на Ненад Димитријевиќ го доби и второто соочување со Бон во полуфиналето на плејофот во германскиот шампионат.

За разлика од првиот меч во кој домаќините имаа огромни проблеми и мораа добро да се испотат за да ја оправдаат фаворитската улога, овојпат избраниците на Пешиќ го разбија ривалот со 91:69 и поведоа со 2-0 во серијата.

Нашиот Димитријевиќ ја продолжи одличната серија и на седми меч во низа постигна двоцифрен број на кошеви. Репрезентативецот беше трет стрелец со 13 поени, плус запиша 6 асистенции со 2 скока и 1 украдена топка.

Следниот меч се игра на теренот на Бон на 4 јуни.