Чет џи-пи-ти ги заглупавува децата?: „Ако вештачката интелигенција им каже дека 2 по 2 е еднакво на 5, ќе поверуваат“

Точка

31/05/2026

14:00

418

Големина на фонт

а а а

Децата кои користат системи на вештачка интелигенција како Чет џи-пи-тии ќе престанат да размислуваат и ќе бидат склони да поверуваат дека 2 по 2 е еднакво на 5, предупреди академикот и претседател на Научниот совет за методологија на вештачката интелигенција при Руската академија на науките, Владислав Лекторски.

„Таква опасност навистина постои. И мислам дека веќе се забележува кај училишните деца. Таа е поврзана со образовниот систем, каде што учениците прибегнуваат кон системи на вештачка интелигенција како Чет џи-пи-ти и други платформи за да најдат одговори на секакви прашања. И така ја губат способноста за размислување“, одговорил Лекторски на прашањето на агенцијата РИА Новости дали широката употреба на вештачката интелигенција ќе доведе до тоа луѓето сè помалку да го „користат мозокот“.

Според неговите зборови, предизвикот со кој образованието денес се соочува не е само да ги „вооружи“ учениците со знаење, туку да ја развие нивната способност за критичко и самостојно размислување.


„Некој кој работи во областа на образованието неодамна рече: ако ученикот е навикнат да ѝ верува на вештачката интелигенција, тогаш ако ВИ му каже дека 2 по 2 е еднакво на 5, тој ќе поверува во тоа и ќе мисли дека е вистина. Тоа е ужасна работа, тоа апсолутно не смее да се прави“, нагласил рускиот академик.

Затоа, како што додал Лекторски, потребно е да се повлече граница меѓу тоа каде можностите на вештачката интелигенција би можеле и би требало да се користат, а каде тоа апсолутно не смее да биде дозволено.