Спилберг за употребата на вештачка интелигенција: Не постои замена за душата

Точка

28/05/2026

15:59

300

Големина на фонт

а а а

Трикратниот добитник на „Оскар“ изјави дека не е подготвен креативните актери кои играат во неговите филмови да ги замени со вештачка интелигенција.

Додека во Холивуд и понатаму се води дебата околу употребата на вештачка интелигенција, Стивен Спилберг не сакаше премногу да го коментира користењето на истата.

Трикратниот добитник на „Оскар“ изјави дека „го задржува својот став за AI“, бидејќи нема доволно јасна слика за тоа како се користи, и дека не е подготвен креативните актери кои играат во неговите филмови да ги замени со вештачка интелигенција.


„Она што не ми се допаѓа кај AI е кога тој зазема нечие место или кога постои празно столче на кое треба да седи сценарист. Не сум подготвен да го заменам тоа, бидејќи не верувам во свеста на машините. Не верувам дека постои замена за душата. Не мислам дека тоа е нешто што алгоритам може да го измисли“, изјави тој во поткастот „IMO“.

Иако смета дека AI може да биде корисна алатка во медицината или образованието, Спилберг верува дека во креативните индустрии треба да остане само помошно средство.


„Не сакам AI да учествува на тој начин. Ако AI може да ми помогне да пронајдам локации, тоа е одлично. Тоа на сите ни штеди многу работа. Но немојте да ми кажувате дека немам вистински антагонист во филмот, немојте да ми пишувате дијалози за ликовите, немојте да ми одредувате каде треба да оди камерата. И немојте да ми кажувате како треба да изгледаат сетовите, освен ако AI не е само една од алатките во кутијата на продукцискиот дизајнер“, додаде Спилберг.

Тој порача и дека AI треба да се користи исклучиво како помошно средство во процесот на создавање, а не како конечна одлука во уметничката работа.


„Користете AI како алатка, но немојте да го користите како последен збор во креативноста. Тука ја повлекувам границата“, заклучи тој.

Темата за употребата на AI во Холивуд и понатаму предизвикува големи поделби во индустријата, додека синдикати како „SAG-AFTRA“ ја поддржаа рамката на политиката на американската администрација која се однесува на регулацијата и развојот на вештачката интелигенција.