Поранешниот капитен и легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин испрати интересна порака на социјалните мрежи која за многумина е одговор на она што претходно го кажа Бруно Фернандеш.
Кин никогаш не бил фан на Португалецот и го има критикувано за повеќе работи главно поврзани со неговото лидерство, став и говор на телото. На Ирецот воопшто не му се допадна тоа што целиот фокус се стави на рекордот на Фернандеш, поточно на тоа да биде најдобар асистент во една сезона пред Тјери Анри и Кевин Де Брујне, особено на она што се случи против Нотингем Форест и изјавите дадени по тој меч на „Олд Трафорд“.
Во меѓувреме Бруно имаше настап во јавноста, го обвини Рој дека лаже што придонесе за еден занимлив пост на некогашниот играч за врска, порака која би требало да биде прозивка за најдобриот фудбалер во ПЛ за минатава сезона.
- Премногу внимание прави магарето да мисли дека е лав.
🚨📸 Roy Keane via IG 👀👀 pic.twitter.com/XgClFPecfV
— UtdXclusive (@UtdXclusive) May 25, 2026






