Италијанскиот прволигаш Комо направи голем успех и успеа да избори пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Комо беше меѓу најдобрите четири екипи во Серија А и со тоа испиша нова страница во историјата на клубот, резултат за кој огромна заслуга има тренерот Сеск Фабрегас кој официјално потврди дека останува во сегашната средина.
- Имавме долг состанок со претседателот и директорот; создаваме менталитет. Отсега па натаму, почнуваме да се подготвуваме за нова, тешка и поинаква сезона.
- Многу сум среќен тука, го знаете тоа. Ми недостигаат уште еден или два чекори, а учам толку многу. Растот на овој клуб е пребрз; ги туркаме очекувањата две и пол години. Свесни сме кои сме и имаме јасна визија. Барањата на Лигата на шампионите се високи. Ако не сте подготвени, ќе примите шест гола на одредени стадиони, - рече Шпанецот кој говореше и за најважниот играч Нико Паз за кого Реал Мадрид има опција да го откупи, врати во своите редови.
- Тој е многу важен играч за нашиот раст. Растевме со него, а и тој порасна со нас. Многу е важно, ќе видиме што ќе се случи, но сакаме тој да остане, - заклучи Фабрегас.






