Ја ублажуваат астмата, спречуваат мозочен удар, ги чистат цревата како метла: За што сè се добри тиквичките

Точка

22/05/2026

23:02

393

Големина на фонт

а а а

Редовното консумирање тиквички е идеално за луѓето кои страдаат од хипертензија.

Иако во ботаниката се класифицираат како овошје, во секоја кујна тиквичките се третираат како зеленчук, кој заедно со краставиците и дињите припаѓа на истото семејство.

Тие се делат на летни и зимски, а единствената разлика е што летните имаат потенка и помека кора, па во нивниот вкус може да се ужива во текот на целото лето и поголем дел од есента.

Тиквичките имаат широк спектар позитивни ефекти врз човековото здравје, а ова се дел од нив …

Го регулираат крвниот притисок

Редовното консумирање тиквички е идеално за луѓето кои страдаат од хипертензија.

Околу 100 грама од овој зеленчук содржат околу 10 проценти од препорачаната дневна доза магнезиум и калиум, кои ги намалуваат шансите за инфаркт и мозочен удар.

Изобилството од витамини А и Ц го спречува развојот на артериосклероза, додека влакната, кои најмногу ги има во кората, ја подобруваат работата на мозокот.


Силно антиканцерогено дејство

Големата количина лутеин во тиквичките го штити видот, а витаминот Б6, рибофлавинот и манганот овозможуваат правилно функционирање на организмот.

Фитонутриентите во сокот од тиквички имаат антиканцерогено дејство бидејќи спречуваат мутација на клетките.

Витамините А и Ц, заедно со фолната киселина, ги неутрализираат канцерогените материи и така спречуваат појава на различни видови малигни тумори, додека високото ниво влакна спречува задржување на канцерогените материи во дебелото црево.


Кората е моќен антиоксидант

Иако повеќето луѓе ја фрлаат кората по лупењето, тоа не би требало да се прави — особено ако тиквичката е млада — бидејќи токму во неа се наоѓа бета-каротенот, познат по своето силно антиоксидативно дејство.

Истата препорака важи и за семките, бидејќи тие се еден од најздравите делови од овој зеленчук.

Богати се со цинк, кој помага во зајакнување на имунитетот, а служат и како природен лек против цревни паразити.


Одлични за луѓе со астма и артритис

Луѓето што страдаат од астма би требало да ги вклучат тиквичките во редовното мени, бидејќи благодарение на витаминот Ц имаат антиинфламаторно дејство, што помага во ублажување на симптомите на астма.

Покрај тоа, даваат позитивни резултати и кај ревматоиден артритис.

Поволно влијаат и на излачувањето на урината, па нутриционистите ги препорачуваат и кај луѓе што страдаат од воспаление на бубрезите и мочниот меур.


За што сè се добри тиквичките

Глава — ја подобруваат работата на мозокот и го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Бели дробови — ги ублажуваат симптомите на астма.

Кардиоваскуларен систем — го намалуваат високиот крвен притисок и спречуваат појава на инфаркт и артериосклероза.

Коски — ги намалуваат тегобите кај ревматоиден артритис.

Стомак — ги намалуваат симптомите на воспаление на мочниот меур, бубрезите, тенкото црево и бенигната хипертрофија на простатата, а делотворни се и против опстипација и цревни паразити.