Рафиња веќе четири години е дел од Барселона, клуб во кој пристигна од редовите на Лидс Јунајтед, тим во кој во одреден период имаше проблеми да се наметне, да биде стандарден, па дури и беше на излезени врати за да по доаѓањето на Ханси Флик стане клучен фудбалер на каталонците.
Секогаш кога тој е недостапен тоа е проблем за шпанскиот великан, Барса нема соодветна замена за Бразилецот чие присуство е тоа како е важно на теренот и токму поради тоа негово срце и тоа што постајано го дава максимумот е миленик на навивачите, а и вистински лидер на екипата.
Офанзивецот јасно порачува дека одлуката да потпише за клубот за „Камп Ноу“ е најдобра во кариерата, а воедно откри дека одбил две понуди од Премиер лигата и тоа од клубови од Лондон.
- Имав понуди од еден син и еден црвен тим од Лондон, но најдобрата одлука во мојата кариера беше да потпишам за Барселона, - вели Рафиња алудирајќи на Челси и Арсенал.
Тој издвои и еден фудбалер со кого би сакал да го дели теренот - тоа е Хари Кејн.
- Да, тој има одлично чувство за позиционирање; игра добро и постигнува голови. Го ставам во категоријата на многу одлични играчи. Блиску е до генијалност, но генијалците се многу ретки на тоа ниво, - истакна бразилскиот репрезентативец.







