Карик ја доби довербата од Јунајтед, стратегот испрати порака: Клубот и навивачите заслужуваат…

Дерби

22/05/2026

15:08

176

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед официјално затвори едно од најважните прашања, а тоа менаџерската функција, позиција која во изминативе месеци ја извршуваше Мајкл Карик.

Карик беше ангажиран како привремено решение и како човек кој треба да го „гаси пожарот“ по епизодата со Рубен Аморим и токму тој со својата посветеност, смиреност успеа да ја препороди екипата и да ја однесе на третото место на табелата, поточно се оствари основата цел, пласман во Лигата на шампионите.

За оваа работа, 11 победи на 16 натпревари, Мајкл е награден со перманентен договор според кој ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2028 година.

- Од моментот кога пристигнав тука пред 20 години, ја почувствував магијата на Манчестер Јунајтед. Носењето одговорност да го водам нашиот посебен фудбалски клуб ме исполнува со огромна гордост. Во текот на изминатите пет месеци, оваа група играчи покажа дека може да ги достигне стандардите за отпорност, заедништво и решителност што ги бараме овде.

- Сега е време повторно да продолжиме заедно напред, со амбиција и јасна цел. Манчестер Јунајтед и нашите неверојатни навивачи заслужуваат повторно да се борат за најголемите титули, - порача Карик.