Де Јонг за играчот за кого има доста прашалници: Заслужи да остане…

Дерби

22/05/2026

13:33

345

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг е еден од играчите со најголем стаж во Барселона, ас кој е заменик капитен во екипата што јасно говори за неговата улога и глас кој го има во таборот на актуелниот шпански шампион.

Барселона имаше уште една квалитетна сезона под водство на Ханси Флик, но одново нешто недостасуваше за да се направи во Лигата на шампионите. Дефинитивно потребни се некои промени, освежувања, засилувања кои Барса би требало да може да си ги дозволи ова лето, но во исто време управата ќе мора да реши и некои прашања кои се однесуваат на актуелниот играчки кадар.

Каталонците имаа двајца позајмени играчи оваа сезона, играчи кои одлично се снајдоа и сега клубот треба да одлучи дали ќе ги откупи, перманентно ќе ги задржи на „Камп Ноу“. Еден од нив е Маркус Рашфорд кој е под договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, но тимот од Ла Лига има право да го откупи за сума од околу 30 милиони евра,

Офанзивецот постигна 14 гола и запиша исто толку асистенции на 48 средби, ама уште има доста прашалници околу неговата иднина.

Ако се прашува Де Јонг тоа прашање веднаш ќе се реши затоа што смета дека Маркус со своите изданија, професионалност заслужил и во иднина да го носи дресот на великанот.

-Да, тој го заслужи правото да остане. Во минутите што ги одигра, ни даде многу: голови, асистенции, напаѓачки трчања. Тој е брз играч кој претставува вистинска закана за противничката одбрана. Би бил воодушевен ако остане со нас. Го видов како пристигнува полн со ентузијазам. Беше многу среќен што е тука и од првиот момент беше јасно дека сака да остане. Се обиде да се адаптира најдобро што може и го видов како се справува добро, -истакна Френки за „Спорт“.