Микел Артета го презема Арсенал во многу сложена ситуација пред шест ипол години во период кога „ топчиите“ беа блиску до опасната зона, а од клуб кој немаше оформено јасен правец по кој ќе се движи, Шпанецот низ години оформи тим кој сега стигна и до титулата во Премиер лигата.
Иако за тоа беше потребен огромен труд и големи парични средства за целосно да се промени тимот, примарната цел е остварена, па откако беше освоена првата титула во Премиер лигата по пауза од 22 години, „Опта“ ја потсети јавноста какви радикални промени направи Артета.
Шпанецот направи коренити промени во изминатите шест и пол години и конечно дочека шанса да се радува на голем успех, нешто што носи дополнителна сатисфакција ако се знае дека тимот три сезони по ред завршуваше втор на табелата.
Првата титула во Премиер лигата после 22 години донесе огромна радост во Северен Лондон, но тука не е крајот на сезоната, бидејќи Арсенал на крајот на месец мај ќе се бори со ПСЖ во големото финале во Лигата на шампиони.
За разлика од претходните три сезони, Артета оваа има и огромни ресурси на клупата на резерви во вид на играчи кои прават разлика во секој момент, па во период кога неговиот тим изгледа максимално моќно, „Опта“ потсети каков тим наследи на крајот на декември 2019-та година.
Британската компанија за спортска анализа откри како изгледаше почетниот тим на Артета на неговиот прв натпревар како менаџер на Арсенал, а од тој тим преживеа само Букајо Сака кој кариерата ја стартуваше како лев бек.
Сака сега е најголема ѕвезда на Арсенал и игра како десно крило, па во меѓувреме стана и најплатен играч во историјата на клубот со 300 илјади фунти неделна плата.
The starting lineup from Mikel Arteta's first game in charge as Arsenal manager: pic.twitter.com/4eCkVzZwff
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) May 20, 2026











