Легендарниот напаѓач го критикуваше потегот на Англичаните: „Ви судат за убиство, а сте украле чоколадо“

Точка

20/05/2026

21:26

614

Големина на фонт

а а а

„Да, имаше неправилности, постои правило и клубот целосно прифати дека ќе следува казна. Но, многумина беа изненадени што казната изгледа несразмерна во однос на вистинскиот прекршок.“

Веројатно најголемиот играч во историјата на Саутемптон, Мет Ле Тисие, остро ја критикуваше одлуката неговиот поранешен клуб да биде исфрлен од финалето на плејофот за влез во Премиер лигата.

Да потсетиме, „Светците“ признаа дека го шпионирале тренингот на својот ривал Мидлсброу во полуфиналето. Англискиот фудбалски сојуз поради тоа го испрати Мидлсброу во финалето на сметка на Саутемптон, на кого дополнително ќе му бидат одземени четири бода на стартот од следната сезона.


„Лично се обидувам да останам неутрален, но имам чувство дека казната сепак е малку несразмерна. Имате чувство како да ви се суди за убиство, а сè што сте направиле е да украдете „Mars“ чоколадо од продавницата на аголот. Така јас се чувствувам“, изјави за „The Sun“ славниот Англичанец, кој во татковината е познат и по своите теории на заговор.

„Да, имаше неправилности, постои правило и клубот целосно прифати дека ќе следува казна. Но, многумина беа изненадени што казната изгледа несразмерна во однос на вистинскиот прекршок“, додаде тој, па продолжи:


“Луѓето во фудбалот често го користат зборот мамење. И да, токму тоа беше. Но, за мене и симулирањето пенал е исто така мамење. Кога противнички играч воопшто не ве допрел, а вие ќе паднете во шеснаесетникот, тоа е очигледно мамење. А тоа ќе има многу поголемо влијание врз натпреварот отколку да знаете каде противникот ќе изведува прекини. Всушност, би рекол дека симулирањето пенал со цел да се влијае врз исходот на натпреварот веројатно е и посериозен прекршок, бидејќи директно влијае на резултатот“, заклучи тој.

Ле Тисие за Саутемптон настапуваше од 1986 до 2002 година. Одигра 520 натпревари, постигна 195 голови и запиша 59 асистенции. За репрезентацијата на Англија настапи само осум пати.